Виртуоз на хармоника: Има само 10 години, а веќе го освојува светот

Виртуоз на хармоника: Има само 10 години, а веќе го освојува светот

Десетгодишниот вирутоз на хармоника, Ѓорѓе Периќ од Бијељине, освои три златни медали на меѓународниот фестивал „Констелејшн“, кој се одржуваше од 12 до 16 јуни во Украина.

Ѓорѓе освои злато во соло инструменталниот жанр на возраст до 12 години со максимален број на бодови, во категоријата дуо - заедно со Дејан Јовичевиќ, возрасна категорија до 12 година и категоријата трио со Амар Чошиќ и Дејан Бјелобадом, возрасна категорија до 16 години.


Талентираниот Периќ истакна дека ова му 54 награда која ја добил од 11 земји.

„Големо е задоволството кога ќе освоиш злато и кога ќе ги добиеш сите 10 - ки на меѓународен натпревар, бидејќи ја претставувам својата земја на најдобар начин“ - рече ова момче за srna.rs.

Организатор на овој фестивал е Здружението на уметници „Соѕвездие“ од Украина, а фестивалот оваа година за првпат се одржа онлајн поради пандемијата на коронавирус.

На ова натпреварување учествувале повеќе од 300 натпреварувачи од неколку европски земји, а десетгодишниот Ѓорѓе успеа да се издвои помеѓу нив.


Можеби ќе ве интересира: