Вистинска спортистка: Погледнете како Кендал Џенер паѓа во снег од сноуборд
Кендал Џенер е родена атлетичарка - секако кога нема снег.
Имено, ријалити ѕвездата на својот ТикТок профил сподели видео од себе како паѓа во снег од сноуборд за време на неодамнешното патување во Аспен. Секако, гласот кој се слуша во видеото е од една од епизодите на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, во која Кендал на шега на своите сестри им вели дека е „буквално градена како спортистка“.
На крајот од денот, таа е ќерка на олимпискиот шампион Кејтлин Џенер. Во епизодата, додека имала конфликт со своите сестри за време на семеен натпревар во одбојка, Кендал се пофали дека има тело на спортска ѕвезда: „Кога станува збро за спортот, сакам да победувам“ - кажа таа. „Татко ми отсекогша толку многу веруваше во Кајли и во мене кога станува збор за спортот. Пораснавме како девојчиња на тато со тие олимписки гени, па ние Џенерови едноставно го имаме тоа во нас“.
Освен, кога станува збор за сноуборд. Но еј, не можеме сите да бидеме совршени, зарем не? Крис Џенер додаде дека нејзиното семејство секогаш било со натпреварувачки дух и дека било многу забавно да се гледаат колку се сериозни кога е победата во прашање.
@kendalljenner it’s giving ‘pick me’ vibes
original sound - E! Entertainment