Вистински блам: Ариана Гранде има нова тетоважа, но тату мајсторот ја погрешил!
Сите знаеме дека многу ѕвезди сакаат да се тетовираат и да имаат многу „цртежи“ и натписи по своето тело.
И пејачката Ариана е една од нив. Имено, пејачката на своето тело има барем десетина тетоважи, а најновата ја посвети на својот нов албум. Имено, Ариана на дланката го истетовира зборот „7 прстени“, односно „7 rings“ каков што е насловот на нејзиниот албум, но на јапонски.
Меѓутоа, некои фанови од тоа говорно подрачје и се обратија на јавноста и признаа дека тату мајсторот на Ариана и` го истетовирал зборот „сичирин“ што во превод од јапонски значи, мало решо за печење скара.
За ова дозна и Ариана, а фотографијата од тетоважата ја избриша од Инстаграм.