Вистинско освежување за време на најтоплите денови од летото: Замрзнатиот мед е новото откритие на ТикТок кое сите сакаат да го пробаат
Моментално сме на средина на летото, топлините не ни даваат мир и сите се обидуваме на разни начини да се освежиме. Поради тоа, ТикТок ни го понуди својот најнов тренд...
Веќе и птиците на гранките знаат дека ТикТок е непресушен извор на инспирација за најиновативната и најчудната храна која сакаме да ја пробаме. Од кафето далгона па сѐ до тестенините со фета, оваа апликација никогаш не нѐ разочарала кога станува збор за фактот дека таа храна мора да биде и вкусна.
Поради тоа, ТикТок сега не благослови со уште една идеја која ќе ни го овозможи потребното освежување на овие неиздржливи горештини. Станува збор за замрзнат мед, пишува „Her“.
За овој десерт ќе ти требаат само три работи: мед, празно шише и замрзнувач. Но, доколку твојот мед веќе се наоѓа во пластично шиши, тогаш нема потреба да го преместуваш во друго, туку само ќе ставиш во замрзнувач. Почекај неколку часа или уште подобро остави го преку цела ноќ и твојот десерт ќе биде подготвен.
@beccabright2002 ##honeyinabottle ##frozenhoney ##honeybee ##fyp ##trend
original sound - beccabright2002