Витаминска вода е пијалок кој мора да го пробате: 5 рецепти за освежувачка вода со вкус на овошје

Витаминска вода е пијалок кој мора да го пробате: 5 рецепти за освежувачка вода со вкус на овошје

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Ова ќе ви стане новиот најдраг пијалок...

Водата не мора да биде безвкусна. Овие брзи и едноставни рецепти го докажуваат тоа. 

# Јагода, лимун и босилок

За овој освежителен пијалок во литар вода вметнете 100 грама сецкани јагодки, 5 големи листови босилоци и еден лимон тенко исечен на кришки. Освен што водата ќе биде вкусна, комбинација на нпи прекрасно ќе изгледа на фотографија за Инстаграм.

# Манго, малина и ѓумбир

Оваа летна освежителна комбинација на вкусови ќе ве воодушеви, а за неа ќе ви треба едно излупено манго исечено на коцкички, 100 грама малини и тенко исечкан ѓумбир. Екстра совет: внимавајте на количината ѓумбир која ја ставете, бидејќи неговиот вкус е многу интензивен. Почнете со помала количина и по потреба додајте уште малку.

# Грејпфрут, калинка и нане

Необична комбинација која е идеална за топлите денови. Ќе ви треба еден тенко исецкан грејпфрут, 100 грама калинка и 10-тина ливчиња нане. Резултатот ќе биде мешавина на благо и кисело со освежувачка арома на мента.

# Лубеница, киви и лимета

Оваа вода со вкус претставува лето во чаша. Измешајте ја лубеницата, која ќе ја исецкате на коцки со едно киви и една лимета и ова ќе биде пијалок подобар од коктел на плажа.

# Боровница, лимон и рузмарин

Необичен микс на овошја и рузмарин за детоксикација, а исто така и префинет вкус. Ќе ви треба една шоља боровница, тенко исецкан лимон и 4 мали гранчиња свеж рузмарин. Толку е добар овој микс што редовно ќе го правите.

Вакви овошни комбинации има премногу. Експериментирајте со оние овошја кои ги имате дома, а може да вметнете и зеленчук како краставица и целер. Со овие вкусни пијалоци ќе го зголемите внесувањето на течности, но исто така и внесувањето на витамини и винерали во организмот.


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: