Влезот им е забранет: Земји во кои планетарно популарните ѕвезди не се добредојдени (ФОТО)

Влезот им е забранет: Земји во кои планетарно популарните ѕвезди не се добредојдени (ФОТО)

Објавена во: Музика, Филм

Ако ѕвездите од оваа листа случајно ја посетат Македонија, ние би биле возбудени, но не е секаде така...

Голем број ѕвезди од оваа листа се толку популарни што сигурно имате чувство дека им се радуваат каде и да се појават. 

Можете ли да замислите дека на мила девојка како Селена Гомез некаде ѝ е забранет влезот или дека има места на кои Бијонсе како кралица на поп музиката не е добредојдена?

Но, сепак има земји во кои некои познати личности се непосакувани и забранети. Тие забрани често од политички или верски мотиви.

# Селена Гомез

Селена не е посакувана во Русија и Кина. Ок, поради војната во Украина и на обичните луѓе од западот им е тешко да влезат во Русија. Но, додека ситуацијата беше нормална, во 2016 година руските власти ги откажаа концертите на Селена Гомез. Причина? Претставниците на руската влада изјавија дека причината за одземањето на нејзината виза е тоа што пејачката промовира ставови кои се противат на државниот закон за ЛГБТ заедниците. Кина ѝ одби виза поради фотографиите кои ги направила со Далај Лама.

# Лејди Гага

Муслиманските земји не се наклонети кон Лејди Гага, а тука е и Индонезија. Додека во 2012 година сакала да одржи таму концерт, била присилена да го откаже поради безбедносни причини. Полицијата во Индонезија одбила да ѝ издаде дозвола на американската поп дива откако тамошната исламска заедница се спротивставила на нејзиното доаѓање, нарекувајќи ја вулгарна и опасна за моралот на луѓето.

# Бијонсе

Кога планирала да одржи таму концерт, малезиските власти тоа ѝ го забраниле „црно на бело“. Бијонсе не е добредојдена во оваа земја на далечниот исток, бидејќи луѓето таму мора да се придржуваат до некои правила на облекување. Нема делтиња, нема покажување на голи рамена или колена и слично. Значи, Бијонсе за нивниот вкус сепак е премногу провокативна и поради тоа ѝ го забраниле влезот во земјата.

# Џастин Бибер

Пејачот пред 10 години направи фотографии на Кинескиот ѕид со кои ги повреди чувствата на тамошните жители, а во 2014 години со скејтборд дивееше по улиците во Пекинг. Поради тоа, кога во 2017 година сакате да одржи таму концерт, властите од Пекинг го одбија. 

„Џастин Бибер е надарен пејач. Но, за да се одржи редот на кинескиот пазар и да се исчисти кинеското опкружување за настапи, не е прикладно да се доведува изведувач со лошо однесување“ - стоеше во официјалното соопштение од тамошната канцеларија за култура.


# Чарли Хитон

На британскиот актер од серијата „Stranger Things“ му е одбиен влезот во САД кога официјалните полициски кучиња му намирисале траги од кокаин во багажот. Така, Чарли ја пропушти премиерата на втората сезона на серијата на Нетфликс. Поради соработката со полицијата, не го притвориле, но го депортирале назад во Лондон. Таа забрана не траеше долго, само неколку месеци во текот на 2017 година. 

# Саша Барон Коен

Кој не ги гледал авантурите на Борат, во филмот за казахстанскиот новинар кој патува низ САД за да ги истражи тамошните обичаи. Казахстанците секако беа навредени, бидејќи да бидеме реални - Борат во филмот ги прикажа како заостаната цивилизација. Затоа (логично) му забранија влез во државата и го прогласија за „персона нон грата“. Но, по некое време следуваше апсолутно неочекуван пресврт. Благодарение на овој филм, во светот порасна интересот за оваа земја за која и не знаеме премногу. Бидејќи Борат им донесе туристи, казахстанската туристичка заедница ја позајми неговата изрека „многу убаво“ како официјално мото и слоган на казахстанскиот туризам. Да не заборавиме, воедно му беше укината забраната за влез во земјата.

@mrrclips Bro wouldnt survive in the NYC subway  #borat #movieclips Love You So - The King Khan & BBQ Show

# Џиџи Хадид

На Џиџи ѝ беше забрането одењето во Кина. Зошто? Всушност, за сето тоа е виновна Бела, кога на Инстаграм објави фотографија од Џиџи како држи колаче во облик на Буда и замижува со очите. Потоа, многумина ја нападнаа на социјалните мрежи дека промовира стереотипи. Иако Џиџи се извини и кажа дека немала намера да навреди некој, кинеските власти ѝ забранија влез, поради што таа го пропушти настапот на шоуто на Викторија Сикрет.

# Кети Пери

Пејачката во 2017 година сакала да оди на ревијата на Викторија Сикрет, но кинеските власти ѝ забраниле влез, бидејќи не ја поддржала независноста на Тајван.

фото: Принтскрин / Инстаграм 

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: