Внатрешноста на вилата во Лос Анџелес по која „полудеа“: Дали Хари и Меган одбраа нов дом?

Внатрешноста на вилата во Лос Анџелес по која „полудеа“: Дали Хари и Меган одбраа нов дом?

Објавена во: Живот // Живот

Сериозната намера на Меган Маркл и принцот Хари за преселување во Калифорнија ја потврдија и медиумските натписи кои ги прикажуваат луксузните фотографии на новиот потенцијален дом на познатиот брачен пар. За нов дом во кој ќе живеат со синот Арчи, поранешните членови на кралското семејство размилуваат да ја одберат прекрасната вила на Малибу, односно во западниот дел на Лос Анџелес, во вредност од 7 милиони долари. Импресивната вила е опремена со базен, тениско игралиште и има 5 спални соби.

Помеѓу најгламурозните делови од куќата се истакнуваат винскиот подрум со камени полици и домашното кино. Вилата има светла кујна со две работни маси, дневна соба со масивни полукружни прозорски врати кои го спојуваат овој импресивен стамбен простор со природата.

Во една од дневните соби има и домашно кино со елегантни темни софи, а за подобар амбиент вграден е и камин. Пространата главна спална соба со камин со стаклени врати е поврзана со остатокот од имотот, преубаво уредената градина.

Вила која нуди помош за опуштен и лесен живот овозможува и високо ниво на приватност, а порано била во сопственост на ѕвездата на „Baywatch“, Дејвид Шарвет и неговата сопруга Брук Берк.

Вестите дека токму оваа вила би можела да биде новиот дом на Меган и Хари дојде откако минатиот вторник го посетија Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Странските медиуми известуваат дека таму разговарале со членовите на управата од Универзитетот Стенфорд за започнување на добротворна акција. Во меѓувреме, Меган Маркл е посветена на потрагата по нови актерски ангажмани.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: