Внимателно и долго ја избираше и конечно реши: Бојана Родиќ ја покажа венчаницата (ФОТО)

Внимателно и долго ја избираше и конечно реши: Бојана Родиќ ја покажа венчаницата (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Синот и снаата на познатата пејачка Гоца Божиновска полека се подготвуваат за својата венчавка, а невестата по многу труд успеа да најде фустан во кој наскоро ќе му каже „да“ на својот избраник

Мирко Шијан и Бојана Родиќ неодамна објавија дека сакаат да направат голема и убава свадба, а потоа невестата почна да го бара идеалниот фустан во кој ќе застане пред матичар.

Тие неодамна го прославија роденденот на синот Зоран, а после тоа најавија дека чекаат уште едно момче.


Венчавката ќе се одржи на 18-ти септември, а Бојана почна да ја бара идеалната венчаница. Таа реши да им покаже една од нив на своите следбеници на социјалните мрежи.


Откако објави фотографија од венчаницата, таа изјави дека сега е време за славење. Сепак, сè уште не е сигурно дали ја избра токму таа што можевме да ја видиме во видеото на социјалните мрежи.

Во изборот на венчаницата ѝ помогна нејзината сестра Наташа, а дали е тоа вистинската ќе видиме за нешто помалку од еден месец. Сега сите со нетрпение ја очекуваат големата прослава која ќе се одржи на 18-ти  септември.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: