Внуците му подарија на својот дедо плишано мече: Кога дозна зашто, заплака (ВИДЕО)
Неколку внуци неодамна го изненадија својот
дедо со подарок од срце. Му дадоа плишано мече, но тоа не беше обично плишано
мече.
Во октомври 2023 година, дедото ја загубил сопругата. Загубата длабоко го погодила, бидејќи поминале многу години заедно. Знаејќи дека празниците може да му бидат тешки, неговите внуци смислиле посебен начин да го утешат.
Тие одбрале плишано мече кое имало една посебна карактеристика: може да пушти гласовна порака. Пораката беше од неговата покојна сопруга: „Имај убав ден, душо. Те сакам."
Моментот во кој дедото го примил ова плишано мече е снимен на видео и споделен на Интернет. Неговата реакција беше трогателна. Прво се насмевна, а потоа заплака, покажувајќи ги своите најдлабоки емоции. Тој им се заблагодари на своите внуци, трогнат од нивниот гест.
Во видеото погледнете ја реакцијата на дедото:
Фото:screenshot