Во базенот кој сами го направија: Водителот Ненад со сопругата и близнаците ја отворија сезоната на капење (ФОТО)
Водителот Ненад Ѓорѓиевски заедно со сопругата Горана и близнаците Иво и Љупка, деновиве официјално ја отворија сезоната на капење во базенот кој сами го направија во викендицата во Војница - село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Водителот објави албум фотографии каде покажа како семејно уживаат во летните лудории во базенот во нивниот двор кој совршено го уредиле.
Пред само шест недели, во април, водителот објави фотки со натпис: копаме, каде покажа како посветено со дечињата работат на правење на базенот во кој денес имаат можност да уживаат благодарение на нивната работа и замислена цел.
Секоја чест за креативноста и посветеноста на оваа семејство.