Во градот на светлината: Романтични фотки од постарата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак и нејзиното момче
Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки - Моника и Нина.
Постарата ќерка, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе тргна по стапките на своите родители, освојувајќи неколку титули за убавина. За неа многумина коментираат дека е копија на нејзината мајка.
Таа веќе некое време е во љубов, а на социјалните мрежи често можеме да видиме фотографии со нејзиното момче Виктор Петров. Моментално, тие двајца споделуваат фотки од Париз, градот на светлината, каде секојдневно уживаат на различни дестинации.
На профилот на љубовта на Моника, може да се најдат романтични фотографии од посетата на Ајфеловата кула, но и од Дизнилент, омиленото место за нови авантури на сите, без разлика на годините.
фото: Принтскрин / Инстаграм