Во новата песна Дрејк ги „прозива“ Ариана, Селена, Џастин и многу други поп-ѕвезди
Честа навика на раперите, кога снимаат нова музика, е да користат имиња на познати личности - некои затоа што сакаат песната да привлече поголемо внимание заради славното име, а некои само сакаат да „истерат по свое“ и да и кажат нешто на личноста преку песна. Дрејк особено сака да го прави тоа, што се покажа особено сега, кога ја издаде песната „Попстар“ со диџеј Калед во која вметна планина од познати имиња што ги знаете!
Дрејк всушност сними две нови песни „Попстар“ и „Грција“ во друштво на неговиот колега диџеј Калед, кој го издава својот 12-ти студиски албум, а новите хитови на Дрејк се исто така првите синглови на тој албум. Песната „Попстар“ не само што зборува дека Дрејк е ѕвезда, туку тој се погрижил песната навистина да има список од поп-ѕвезди во текстот!
Дрејк го споменува Скутер Браун, кој е познат менаџер на Ариана Гранде, Деми Ловато и Џастин Бибер, исто така ги споменува и Ариана и Селена, како и Бибер. Покрај младите поп-sвезди, тој пее и за Витни Хјустон и Дејвид Фостер.
Малку помалку внимание привлече втората песна „Грција“, во која не „наведува“ никакви имиња, но раперот зборува за тоа како има пари да си ја однесе подобрата половина каде и да сака, па така можат да летаат и за Грција. Но, Грција за нас и не е таков луксуз, зар не?
Ова не е првпат Дрејк да спомне директно некого од познатите личности во песни, затоа што неговиот навредлив стих за Кајли Џенер и како тој може да има „уште 20 вакви девојки“ крена посебна прашина во минатото, а таа самата реагираше на стихот.
извор: famoza.net