Во осмо и деветто природните науки по Кембриџ, во средно по старо: И најодличните ученици мака мачат со хемика и физика во прва година
Исклучително слаби резултати покажуваат основците по предметите хемија и физика веднаш откако ќе почнат прва година во средните училишта. Дури и оние, најодличните се соочуваат со сериозни проблеми и огромни „дупки“, односно пропусти и им треба многу повеќе време да ја совладаат наставната содржина. Ова трае со години, велат и наставниците и родителите, а дел од нив револтот го не го кријат и за Фактор откриваат што се советувани на првите родителски средби одржани веднаш по стартот на новата учебна година.
„Имавме родителска средба, а меѓу другото, класната раководителка посебно внимание ни обрати на новите предмети со кои прв пат учениците се среќаваат во осмо одделение. Тоа се хемија и физика, кои во рамки на предметот природни науки во понижите одделенија се сретнаа со основните поими. Сега содржините се целосно издиференцирани во посбни учебници и се очекува учениците многу повеќе да осознаат, односно да научат по овие предмети. Но, за жал, тоа што ни беше кажано е дека ние родителите треба да ангажираме приватни часови за нашите деца или пак да се обидеме да најдеме стари учебници, бидејќи тоа што се учи по овие предмети, а е по Кембриџ програмата е недоволно за да се надоврзат на содржините во средно училиште и учениците наидуваат на огромни проблеми. Ова се клучни предмети за понатамошното образование на учениците, особено ако некој од нив сака медицина, инеџенерство и низа други области без кои е невозможно студирањето и високата наобразба. Навистина не ми е јасно уште колку генерации ќе бидат осакатувани, каде сега да се најдат оние стари учебници од последните генерации кои беа осмолетка. Како може да не постои искоординираност во наставните содржини, наместо процесот да тече непречено, ние самите поставуваме бариери и се нешто се експериментира. Ова не се ни најниски гранки на образованието во Македонија, „гранките“ едноставно ги нема, само голо стебло, кое не влече постојано надолу“ - вели револтирано П.С. мајка на ученичка во осмо одделение.
Целиот текст може да го прочитате на Фактор.