Во прегратките на мама Антониа е најсигурно: Малиот Киан обожува да се гушка
Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска, ужива во мајчинството.
И покрај тоа што им се врати на настапите, таа најголем дел од времето го поминува со малиот Киан кој веќе има осум месеци.
Гиговска е среќна мајка и често пати знае да сподели како ѝ поминуваат деновите со синот кој го доби во бракот со Роберт Спасенцовски, алијас Џокер.
„Мое гушкалче“ - напиша Антониа покрај фотографиите.
ФОТО: Инстаграм стори принтскрин