Во пресрет на својот 18-ти роденден Ѓорѓе дознал дека има рак: „Страв, тага и болка, болеста сврте сè наопаку“

Во пресрет на својот 18-ти роденден Ѓорѓе дознал дека има рак: „Страв, тага и болка, болеста сврте сè наопаку“

Објавена во: Stars // Интервјуа

На Ѓорѓе Стојановиќ (21) од Белград пред четири години му бил дијагностициран рак на лимфните јазли. Од тој момент започнува неговата животна борба и трае до денес. Два пати бил во четврти степен од болеста и моментално е на втора линија на терапија.

- Пред моето полнолетство во 2018-та година, што значи зрелост, голема радост, славење и собирање на драги луѓе, не само за мене, туку и за сите нас, тој момент ми предизвика голем страв, тага и болка - изјави Ѓорѓе Стојановиќ за Телеграф.рс .

Тој вели дека болеста му ја променила свеста и начинот на живот и дека му донела неопислив немир во семејството. Никогаш досега не барал помош и со семејството, вели, сè финансирал сам.

- Би сакал да им се заблагодарам на луѓето кои знаеја за ситуацијата и ми помогнаа самите без да барам, како и на луѓето кои доброволно ќе помогнат колку што можат да го продолжам моето лекување - вели Ѓорѓе.


Извор: www.telegraf.rs


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: