Во септември нашето семејство ќе биде побогато за уште еден член: Елена и Гуте го открија полот на бебето (ФОТО)
Поп пејачката Елена Миленковска, која пред две години се омажи за колегата Александар Маринковиќ Гуте во март откри дека повторно е во блажена состојба.
Двајцата пејачи, среќната вест ја објавија на социјалната мрежа Инстаграм, со неколку фотографии на кои позираат со фотките од ултразвукот.
Сега, неколку месеци подоцна, повторно на Инстаграм, го открија полот на бебето, кое како што напишаа треба да пристигне во септември.
„Девојче е. Во септември нашето семејство ќе биде побогато за уште еден женски член. Маки ќе добие сестра, а ние нашата втора среќа. Едвај те чекаме малечка“ - напиша Елена во описот на фотографиите.
Инаку, Елена, во интервју за Женски магазин, накратко ја раскажа љубовната приказна, која всушност им започна во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
„Се запознавме минатата година преку една наша заедничка пријателка. Таа договори заедничка проба на која работевме и се подготвувавме за музичкото шоу во кое учествувавме и двајцата. Се случи искра на прв поглед. Се дружевме шест месеци, а потоа стапивме во врска. Едноставно знаев дека тој е тој, од моментот кога прв пат го запознав, иако многу луѓе не верувааг во љубов на прв поглед. Јас верувам и во тоа а исто така верувам и во сродни души и знам дека јас ја пронајдов мојата.“
фото: Принтскрин / Инстаграм