Водич за преживување на последниот час!

Водич за преживување на последниот час!

Објавена во: Совети // School zone

Секој ден на училиште ти е ист како претходниот. Часови од по 45 минути и тоа 6 до 7 во текот на еден ден. Првите два часа се некако подносливи, си мислиш на големиот одмор и на тоа што ќе јадеш. Вторите два часа по големиот одмор, си најаден и имаш енергија, па можеш да ги издржиш, на петти веќе те фаќа паника како ќе доседиш до крај, ама на шестиот час веќе станува неподносливо. Еве мал водич за тоа како да го преживееш последниот час.

60 – 15 = 45 минути

Прво изрази голема благодарност до тој што одлучил училишниот час да трае 45, а не 60 минути. Кога веќе времето е пократко за 15 минути, ајде да ги намалиме и тие 45 минути што остануваат.

45 – 5 = 40 минути

Ѕвонеше пред 2 минути, наставникот само што влезе во училница. Додека се подготви и почне, ќе поминат 5 минути. Не е ни почнат, а веќе од часот останаа 40 минути.

40 – 6 = 34 минути

Е сега малку мора да слушаш што зборува наставникот, за барем отприлика да знаеш која лекција ја предава. Со оглед на тоа што денес не е твој ден за 6 минути веќе губиш внимание. 

34 – 9 = 25 минути

Зјапај во симпатијата без да трепнеш, ова и тоа како ќе ти го скрати часот за 9 минути. Во случај симпатијата де не учи со тебе зјапај во една точка.

25 – 7 = 18 минути

Ако те фатат дека блееш во една точка веќе си под будното око на наставникот, затоа следните неколку минути преправај се дека запишуваш со тоа што ќе си црташ во тетратката. Со тоа си кратиш 6 минути од часот, а и наставникот мисли дека внимаваш. 

18 – 10 = 8 минути

Ако успееш да го сокриеш мобилниот под клупа реши некој од тестовите на Hashtag.mk. Со тоа си кратиш уште 10 минути од часот.

8 – 5 = 3 минути

Наставникот повтроно те има на око, тоа значи дека мора да го тргнеш мобилниот и да почнеш да внимаваш. Кимај со главата додека слушаш, потпри се на двете раце и дреми со затворени очи. Така ќе бидеш поуверлив дека разбираш што предава. Ете поминаа уште 5 минути.

3 – 3 = 0 минути

Уште 3 минути до крајот, ја одбројуваш секоја секунда и конечно ѕвонииии, ама не, тука не е крајот бидејќи ја слушаш добро позната реченица „ Часот не завршува кога ќе заѕвони, туку кога ќе кажам јас!“ Издржа толку, па ќе ги издржиш и овие неколку секунди.

 0 – 0 = 0 минути

Готово е конечно заврши! Си одам дома! Ете гледаш лесно се идржува и последниот час!

·  Се надеваме дека ова нема да го читаат твоите наставници и да откријат што правиш на последниот час. Или ако го читаат се надеваме дека барем ќе ги насмееме.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: