Водителката Александра ја покажа ќерката: Прва фотка на која се гледа ликот на Сара
Водителката Александра Илиевска на крајот од јануари минатата година се оствари во улогата на мајка. На свет ја донесе ќеркичката Сара, за која во интервјуто за Женски магазин откри дека секојдневно им ги растопува срцата на неа и нејзиниот сопруг.
„Сара е прекрасно бебе и секој ден ни ги растопува срцата. Непроспиените ноќи и исцрпувачкото секојдневие веднаш ги забораваме откако ќе ни подари макар и мала насмевка. Првата нејзина насмевка беше вистински посебен момент. Кога прват ја земав во прегратка знаев дека таа е вистински благослов.“ - зборуваше Александра.
Нешто повеќе од една година Александра ужива со нејзината првородена ќерка, а дури сега за првпат покажа како изгледа. Досега на сите фотографии на кои е малата Сара, нејзиното лице беше сокриено.
Но, овој пат водителката направи отстапка и покажа како изгледа ликот на нејзината наследничка.