Војаж не е момчето кое Бресквица најмногу го сакала: Јавно призна и за кој би се омажила
Малкумина се оние кои се надеваа дека ќе даде ваков одговор...
Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, гостувајќи во една емисија си ја отвори душата, па одговори на разни прашања во рамките на делот кој носи назив „Интимни топчиња“. Иако тоа се оние незгодни прашања, не беа претерани.
Ѝ беше поставено прашње кое момче најмногу го сакала досега, а со одговорот ги изненади сите:
„Немања. Тоа е моето секогашно момче“.
Имено, изненадувањето следуваше кај оние кои претходно ја следеа нејзината врска со Михајло Веруовиќ Војаж. Додека беше со него, често истакнуваше колку е воодушевена од него, а едно време планираше и заедничка иднина со него.
Меѓутоа, двојката ја прекина таа врска и според нејзините зборови во рамките на емисијата „Амиџи шоу“, моментално не се во никаков контакт, па дури не се ни среќаваат.
За сегашниот избраник, имаше многу нешта да каже. Работите ги „крена на повисоко ниво“, бидејќи и на самиот него јавно му призна дека е подготвена за брак. Ваков увид во новата љубов досега ѝ нема дадено на јавноста.
„Се наближуваат две години како сме заедно. Не смеам да откривам како се имаме запознаено. Што се однесува до мене, може и да правиме свадба. Ете, сега јавно му го кажувам тоа. Имам 22, а тој е постар 6 години од мене“ - зборуваше таа.
фото: Принтскрин / Јутјуб