Војаж откри дали е заљубен: Призна дека ѝ посветил песна на Бресквица
Истакна дека неговиот фокус сега е насочен на кариерата и дека не знае апсолутно ништо за поранешната девојка...
Миленикот на младата популација, Михајло Веруовиќ попознат како Војаж го откри значењето на својот прекар, а потоа се насочи и на разделбата со Анџела Игњатовиќ - Бресквица и откри дека моментално е емотивно зафатен, но и во какви односи е со Тијана Милентијевиќ.
„Никој не ме познава по име и презиме, сите ме знаат како Војаж. Тоа има малку поголема тежина. Значи пат, а мојата животна приказна е тесно поврзана со Франција, таму животот ме направи во човекот што сум денес“ - кажа раперот, а потоа се насочи на разделбата со Бресквица и откри дека нивната публика е сега поделена.
„Тоа делење е нус појава по нашата разделба. Ние не сме заедно. Немавме намера да ја делиме јавноста. Навистина нема потреба за тоа, имаме зваемно почитување, луѓето не треба да заземаат страни. Не знам што значи да патиш, во секој случај воопшто не е пријатна ситуација“ - раскажа Војаж, па јавно рпизна дека Бресквица е таа која го оставила него.
„Таа ме остави мене. На сѐ доаѓа крај, заведувањето не е единственото нешто што треба да ги привлече девојчињата и момчињата. Љубовта згасна, не се слушаме. Ѝ посветив песна. Сѐ што можев да ѝ дадам е музиката, некој помалку, некој повеќе го вреднува тоа. Се изгуби секоја трага од она што го знаев за неа“.
Во медиумите пред неколку дена се појави веста дека Веруовиќ е во нова емотивна врска со пејачката Тијана еМ, вест што и двајцата ја демантираа, а сега раперот и јавно проговори во какви односи се тие двајца.
„Банално е да се зборува за тоа, не сме се ни запознале. Имаме колегијален однос, бидејќи работиме на заедничка песна за мој проект „Триологија Балкан“, ќе видете наскоро сѐ. Само песната не спојува и љубовта кон музиката, мора да ни верувате на зборот. Тоа е чиста работа.“
Бидејќи многумина се заинтересирани за емотивниот статус на раперот, тој сега откри дека е соло и дека е фокусиран на кариерата.
„Апсолутно сум слободен. Фокусиран сум на работата, доколку се случи нешто тоа ќе биде случајно“ - раскажа Војаж во емисијата „Премијера - Викенд специјал“.
фото: Принтскрин од Јутјуб