Војаж повеќе не крие дека е во среќна врска со популарната убавица: Ова е идеално
Војаж конечно проговори за емотивниот статус...
Пејачот Михајло Веруовиќ Војаж е миленик на многу девојки и нема сомнеж дека многумина ги интереси неговиот љубовен живот.
Познато е дека долго беше во врска со Анѓела Игњатовиќ - Бресквица, со кој сними многу дуети, кои се пеат и ден денес, а крајот на нивната врска, пејачот беше поврзуван со Џина Џиновиќ, како и со Анастасија Лукиќ, меѓутоа тој ги демантираше сите наводи.
Војаж конечно проговори за емотивниот статус и за жал на многу обожаватели, тој откри дека не е слободен.
„Мојата девојка е многу позната, голема ѕвезда е, не е од Србија. Многу лесно ја одржувам врската на далечина, секогаш се наоѓаме во некоја држава на половина пат. Ова е идеално, немам стрес дека секогаш морам да бидам присутен“ - кажа тој за „Блиц“.
Засега не е познато за која девојка станува збор, со оглед на тоа што раперот ниту во еден момент не објави фотографија со неа, бидејќи како што вели, сака барем таа малку приватност што ја има да ја зачува за себе.
фото: Принтскрин / Инстаграм