
Војаж се посвети на глумата: Сега снима серија, а планира и филм за својот живот
Милош Аврамовиќ стои зад проектот во кој ќе се појави и популарниот млад музичар...
Музичарот Михајло Веруовиќ Војаж ќе се појави во новата серија за тинејџери „У кличу“, која ја прави продуцентот Милош Аврамовиќ, режисерот на „Јужни ветар“.
Дека е активен и како пејач, но и дека ќе стане актерска ѕвезда веќе зборуваат и фотографиите на кои се гледа како се подготвува за улогата. Вредната екипа од серијата ја објави токму Аврамовиќ на својот Инстаграм профил. Актерите од „У кличу“ седат и заеднички го поминвуаат текстот, а се гледа дека Војаж внимателно го следи својот дел.
За потсетување, како што веќе пишуваа српските медиуми, Војаж има намера да сними и филм за својот живот. Иако има само 20 години, во тоа оставарување ќе се најдат моменти од неговото детство кога со семејството морал да се пресели во Франција.
Можеби ќе ве интересира:
