Војаж заработува голема сума на пари, сѐ вложува во семејството: Ѝ ѕидам куќа на мајка ми, на брат ми ќе му купам стан
„Сакам да бидам тука за семејството, бидејќи еден ден кога сево ова ќе престане, семејство ќе остане покрај мене“ - кажа Михајло.
Популарниот рапер Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, во последно време важи за еден од најбараните изведувачи, иако има само 20 години. Бидејќи со популарноста одат и парите, Михајло откри дека ѝ купил плац за куќа на мајка му, што му било голема желба.
„Најголема желба ми е да ѝ изградам куќа на мајка ми, веќе сѐ е во процес. Купив плац и почна изградбата. Кога мајка ми слушна дека ќе ѝ направам куќа, секако дека беше изненадена и ѝ беше драго. Покрај тоа, би сакал на помладиот брат да му купам стан и да отворам локал. Тој ми е помлад брат, не роден, но како да е“ - кажа Михајло.
фото: Принтскрин/Инстаграм„Сакам да бидам тука за семејството, бидејќи едне ден кога сево ова ќе престане, семејството скеогаш ќе остане покрај мене. И покрај музиката имам неколку бизниси во план, а се однесуваат на дигиталниот маркетинг и огласувањето. Во тој некој правец видов интерес, се надевам дека тимот и јас ќе направиме нешто“ - исткана раперот и призна дека е свесен за тоа колку луѓето се љубопитни кога е неговиот живот во прашање.
„Не сум најбаран, но моментално сум помеѓу топ трите најинтересни личности. Луѓето се интересираат за тоа што го правам, каде сум, што сум. Има многу побарани од мене, кои се подолго од мене на сцена, но се надевам дека во 2022 година ќе бидам и најбаран. Сега кога го достигнав нивото на зрелост, видов и научив многу работи. Ова е брза рбаота, подготвен сум за албум. оваа година ќе се случи најслушаниот албум со светот на рап музиката“ - порачува Војаж, кој постојано го чувствува пулсот на публиката.
„Многу внимание посветувам на обожавателите, го следам пулсот на публиката. Слушам што сакаат тие и правам музика за нив, и мислам дека поради тоа успевам да се одржам на врвот. Како здрава конкуренција би можел да го наведам Игор Паниќ Нучи. Во трка помеѓу најбрзите, никој не може да нѐ престигне. Кога на мене ми е лошо тој има совет, кога на него му е лошо, јас имам совет. Така се надополнуваме меѓусебно“ - истакна младиот музичар за „Блиц“.
Војаж открива дека постои девојка во неговиот живот, но не сака да ѝ ја открива на јавноста.
„Што се однеусва до мојот емотивен живот, фокусиран сум на работата, секако маж сум и ми се допаѓаат девојки. Моментално посоти нешто на видик, но би сакал тој мој емотивен живот да биде мој. Имам склоност кон поврзувањето и врската, но проблемот е времето. Никогаш не сум дома, не би имал време да се посветам на било кој. Можеби така нема да биде за неколку години. Кога би можел да најдам личност која би можела да го следи моето темпо на живот, тоа би било феноменално“ - завршува Војаж.
фото: Принтскрин/Инстаграм