Војната му ги одзеде двајцата родители на малиот Илија (7): Остана сирак, но Модриќ со еден гест му измами насмевка (ВИДЕО)
Многу убав потег на двајцата Хрвати, кои го воодушевија момчето...
Војната во Украина секојдневно зема многу жртви, постојано се освојуваат нови територии, а тоа им го уништува животот на постарите и на децата. Едно несреќно дете е малиот Илија Костушевиќ, кој останал сирак по војната. Тој бил и специјален гостин на натпреварот помеѓу Реал и Шахтјор, каде добил дрес.
Овие два тима одиграа натпревар во Варшава, каде Шахтјор играше како домаќин. Украинците дури и водеа против шпанскиот тим, но во последните минути примија гол од Ридигер, со кој Реал стигна до израмнување и конечен резултат од 1:1.
Сепак, вистинската убавина на овој меч се види по последниот свиреж на судијата, кога Лука Модриќ и Дарио Срна покажаа дека имаат големо срце. Тие двајца решиле да му ги исполнат желбите на малиот Илија и тој да се запознае со Лука, додека Срна со помош на клубот, му пронашол и згрижувачко семејство на момчето од Маријупољ, чии родителите загинале во војната.
Срна пред натпреварот преку видео повик разговарал и со Лика Модриќ, кој успеал да ја донесе првата насмевка на лицето на Илија, кој доби шанса да го запознае својот идол. Тоа не беше сѐ, по мечот, Лика Модриќ и лично се запозна со момчето и му го подари својот дрес, а сето тоа го забележа телевизијата „CBS“.
фото: Принтскрин / Твитер