Војната продолжува: Аца Лукас ја коментираше Јелена на концертот во Белград
„Држи се ти уште во оваа „банана“ држава, бидејќи само тука можат да ги трпат твоите испади и будалаштини кои се се почести“ – изјави Лукас.
Неодамна, откако фолк-пејачот Аца Лукас (50) и пејачката Јелена Карлеуша (40), се „скараа“ на социјалните мрежи, обожавателите во секој момент очекуваа некој од двајцата повторно да започне расправија.
Расправијата ја започна фолк дивата, кога без влакна на јазикот, ги нарече сите пејачи, како што таа вели „пејачи кои настапуваат за климиналци“. Со овој коментар таа алаудираше на Аца. Јелена тврдеше дека Србија е „банана“ држава во која се пишуваат пофалби за криминалците, а пејачот и возврати на ударот.
„Не знам зошто некои се бунат и ја нарекуваат нашата држава „банана“, кога токму тие се најголемите обожаватели на „бананите“. Кога само ќе се потсетам колку контакти си имала ти во твојот живот и тоа доста интимни со луѓето што сега ги плукаш и се обидуваш да ги ставиш во група каде што не припаѓаат. Држи се ти уште во оваа „банана“ држава, бидејќи само тука можат да ги трпат твоите испади и будалаштини кои се се почести“ – изјави Лукас за време на концертот на „Music Week Festival“ во Белград.
„Нема да додавам шлаг на ниту една расправија, се што имав да кажам е кажано. Кој си „игра“ со децата на моите пријатели, исто како да си „игра“ со моите деца“ – кратко изјави пејачот.
Инаку, Аца и Јелена беа прилично блиски пријатели.