Вознемирувачко видео: Наставник физички напаѓа осмоодделенец во училиште во Србија
Наставникот го чека постапка за суспензија...
Тежок случај на физичко насилство од настаник врз ученик во основното училиште „Бранислав Нушиќ“ од Смедерево е евидентиран минатиот четврток во осмо одделение.
Настаникот прво му пришол на ученикот, а потоа го повлекол силно, така што момчето за малку ќе паднело, а потоа удрил по тилот, за на крајот да продолжи да вика на него.
Од тогаш и наставникот и ученикот се на боледување, а училиштето започнало постапка која ќе доведе до суспензија на професорот. Процедурата е во тек, како што пишува „Телеграф“.
Она што е загрижувачки е фактот што наставникот физички го нападнал ученикот пред целото одделение, кој како што може да се види во видеото седел мирно. За среќа, некој од учениците се осмелил да го сними насилството и истото да биде пријавено. Иако, уште не е познато што точно се случило пред конфликтот, како ни што следувало по завршувањето на видеото од часот.
Како што открил директорот на училиштето, Драган Јовичиќ станува збор за мирен наставник, кој помеѓу учениците е омилен и од чија постапка биле изненадени децата од одделението. Од друга страна, читателот кој го има испратено видеото до „Телеграф“ посочил дека ваквото однесување на наставникот не е новина, но дека децата „не смеат да реагираат“.
фото: Принтскрин