Време е за... чистење на слушалките!
Доколку и ти си меѓу оние кои не можат да си го замислат животот без музика, сигурно слушалките ти се постајано во уво. Но, кога последен пат ги имаш исчистено? Хм... можеби и никогаш?
Се што ти треба за да ги исчистиш твоите најверни „пријатели“ се средство за миење садови, кујнска хартија, топла вода и стара четка за заби.
Откако ќе ги имаш сите овие работи, време е да се фатиш за работа. Додај две до три капки средство за миење садови во пола чаша топла вода. Четката за заби стави ја во чашата и нека стаи околу половина час. Ставете ја четката на рамна подлога (со влакненцата нагоре) и нежно помини ги краевите од слишалките од четката. Внимавај, слушалките треба да бидат свртени надоле за течноста да не може да влезе во нив. На крајот, замотај ги слушалките во кујнска хартија за вишокот течност да се впие до крајот.