Време е за добра музика: Наташа Малинкова вредна и во време на пандемија – слушнете ја нејзината нова песна (ВИДЕО)
Дефинитивно таа е една од највредните изведувачи на македонската естрада. Пејачката Наташа Малинкова и во услови на пандемија за своите обожаватели сними уште една прекрасна песна.
Одлична музика, уште подобар текст, новата „Се што ми зема“ дефинитивно е песна која заслужува да се најде на врвот на сите топ-листи во нашата земја.
Како и претходно, така и сега, комплетен автор на ова најново музичко парче на Наташа е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.
- Во ова време-невреме мислам дека на сите нас ни недостига музика. Јас и мојот тим имаме повеќе готови песни, но одлучивме дека сега е време токму за оваа песна и мислам дека направивме одличен избор – вели накусо Наташа.
Слушнете и погледнете го видеото за „Се што ми зема“: