Врски на познатите личности за кои сите се уверени дека се „фејк“: 7 за кои сите мислат дека биле само шоу за јавноста

Врски на познатите личности за кои сите се уверени дека се „фејк“: 7 за кои сите мислат дека биле само шоу за јавноста

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Има смисла доколку размислиш малку подобро...

Некои познати парови се вистински пример за нас и доколку раскинат, нашта верба во љубовта би се разнишала. Затоа што тие едноставно се совршени заедно. Од друга страна, ги имаме и они парови кај кои сите забележуваме дека нешто не е во ред.

Нема поголеми и посочни озборувања отколку кога ќе се дознае за некоја нова врска во светот на познатите. Особено ако двајцата се познати. Озборувањата доаѓаат од сите страни, се зборува за сѐ, а некогаш и за тоа дека врската не изгледа како да е веродостојна. Во овие сличаи, сите ги креваат веѓите, бидејќи врските на овие познати личности изгледаат како добро подготвено сценарио за јавноста, со цел да добијат на популарност. И никој од нив повеќе не е заедно.

Овие 7 врски дефинитивно беа претстава за јавноста, а некои беа поуспешни од другите, пишува „Your Tango“. Дали тебе некои од овие познати парови успеаја те измамат дека станува збор за вистинска љубов?

# Шон Мендес и Хејли Болдвин

Сите беа изненадени кога изненадно во 2018 година на Мет Гала се појавија како пар. На никој не му беше јасно што и како се случило. Тие двајца никогаш не се видени заедно како пар, освен на тој еден настан, а еден месец подоцна, Хејли се омажи за Џастин Бибер. Иако признаа дека биле во вркса, никој не им поверува. Ова е најлошо одглумената врска од сите на оваа листа.

# The Weeknd и Селена Гомез

Можеш ли замислиш помалку компатибилен пар? Оваа врска е уште една која на никој не му беше јасно и веројатно со причина. Наводно биле во врска 10 месеци, папараците знаеја да ги уловат заедно, но обожавателите во ниту еден момент не беа уверени дека ова е нешто големо. Многумина мислат дека ова е само ПР врска, бидејќи започна пред The Weenkd да издаде албум, па сите зборуваа за тоа дали ќе има песна за Селена. Со тоа, Селена во една прилика, кога гостуваше во видео кај Ники Туториалс, кажа дека тоа била вистинска врска.

# Шон Мендес и Камила Кабелјо

По една „фејк“ врска во друга. Изгледа дека тоа се единствените врски кои ги започнува Шон Мендес. Нема пар за кој повеќе се зборуваше дека глуми отколку за нив двајца. Сите мислам дека биле многу „фејк“ и дека врската им била начин за да профитираат и да бидат во центарот на вниманието. Што и е вистина, бидејќи дефинитивно за нив се зборуваше повеќе отколку што вообичаено се зборува. Токму кога почнавме да веруваме дека гласините можеби сепак не се вистинити и дека навистина има нешто помеѓу нив, дојде до разделба - од која повторно профитираа и двајцата.

# Тејлор Свифт и Том Хидлстон

Од сите врски на Тејлор за кои се зборуваше во јавноста, само една обожавателите не ја сфатија сериозно. Таа и Том Хидлстон беа во врска само 5 месеци, а врската сосема „случајно“ стана јавна кога папараците ги уловија како се бакнуваат на камен поркај море. Звучи наместено, нели? Никој навистина не поверува во оваа врска.

# Ким Кардашијан и Крис Хемфрис

Најпознатиот краток брак во светот на познатите, што трае 72 дена. Ким и Крис имаа врска која се чини дека од почетокот до крајот била создадена за да имаат корист од истата. Бидјеќи, сите знаат како мајстор за маркетинг е Крис Џенер, никој не би бил изненаден доколку оваа врска е нејзина креација за популаризација на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“.

# Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон

На промоцијата на „Самрак“ сигурно не ѝ штетеше тоа што и главните ликови наводно се во вистинска врска. Што заврши „Самрак“, заврши и нивната врска. Случајноста е премногу голема за да биде само случајност, тврдат некои. Не се верува дека целата нивна врска била лажна, но многумина се уверени дека во одреден момент раскинале, но за доброто на филмот и неговата популарност, морале да продолжат да се преправаат дека се заедно.

# Дрејк и Џеј Ло

Ниту еден од нив никогаш официјално не призна дека биле заедно, но нас уште во 2016 година се обидуваа да не уверат дека се двојка. На Инстаграм објавуваа објави кои требаше да одат во прилог на тоа дека се заедно, но никој навистина не поверува. Набрзо престанаа објавите, но Дрејк од тоа профитираше во 2018 година со издавањето на нова музика во која пееше за неа и нивната „врска“.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: