What’s Up, Doc? - Душко Дoлгоушко денес слави 80-ти роденден
Душко Долгоушко, еден од омилените цртани филмови на многу генерации, денес го слави својот 80-ти роденден, односно на овој ден во 1940 година, за прв пат се појави во краткиот цртан филм „Див зајак“ (A Wild Hare) под името Bugs Bunny.
„Дивиот зајак“ беше во режија на Текс Ејвери, во продукција на Борнс Ворнер, и е дел од серијата Мери Мелодис - американска серија анимирани кратки филмови направени од 1931 до 1969 година, во „златното доба на американската анимација“.
Покрај Душко, се појавува и ловецот Елмер Давеж (Елмер Фуд) и нè внесува во приказната со познатата реченица „Шхх. Бидете многу тивки. Јас ловам зајаци “(Shh. Be vewy, vewy quiet. I'm hunting wabbits). Елмер ги забележува трагите на шепите на зајакот, се приближува до дупката за зајаци во земјата и се обидува да го намами Душко со морков. Како што знаеме, се создава еден вид комедија…
Сите добро ја запаметивме фамозната реченица: „Шефе, што по ѓаволите не е во ред?“ (What’s Up, Doc?), изговорена од Душко Долгоушко, термин за кој, Текс Ејвори вели дека е вообичаен во Тексас, неговиот роден град и во него не видел никакво посебно значење. Сепак, луѓето се смееја масовно во кината низ светот кога тоа го рече Душко, и ... се роди sвездата. Душко подоцна го кажува тоа скоро во секој цртан филм во кој се појави, без разлика дали е во контекст или надвор од него.
„Bugs Bunny“ беше номиниран и за Оскар, во категоријата за најдобар краток анимиран филм.