WhatsApp конечно ја овозможи опцијата која многу корисници долго ја бараа: Сега сѐ ќе биде полесно
Корисниците ќе можат да примаат пораки и повици и на втор уред, дури и ако примарниот телефон им е исклучен...
Се чини дека Цукерберг конечно ги послуша своите корисници и им овозможи да го користат WhatsApp на повеќе уреди со еден телефонски број. Оваа вест особено ќе ги задоволи оние кои имаат два или повеќе телефони за лични и деловни цели.
Главниот телефон на кој се користи апликцијата сепак и понатаму ќе биде неопходен за нејзино користиње, а ако тој уред не е активен подолго од две недели, WhatsApp автоматски ќе се одјави од сите други уреди. Меѓутоа, дури и ако примарниот телефон е исклучен, корисниците ќе може да примаат пораки и повици на другите уреди.
Како функционира?
Прво, се разбира, треба да ја симнете апликацијата на другиот уред и да ја изберете опцијата за поврзување на телефонот со постоечката сметка во поставки. Апликацијата ќе генерира QR-код што ќе го скенирате со главниот телефон, со што фукнцијата ќе биде активирана.
Оваа опција е веќе достапна за некои корисници, а ќе биде достапна за сите во следните неколку недели.
фото: unsplash.com