WhatsApp од следниот месец ќе престане да работи на многу мобилни телефони: Ова се моделите

WhatsApp од следниот месец ќе престане да работи на многу мобилни телефони: Ова се моделите

Причината: моделите и софтверот на овие уреди стареат за апликацијата WhatsApp...

WhatsApp секоја година испраќа предупредување дека некои корисници ја губат можноста да ја користат оваа апликација. Секој што купува нови мобилни телефони не е во опасност, но оние кои го користат истиот со години...

Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарна апликација поради оперативните системи што ги има нивниот мобилен телефон, пишува Index.hr. WhatsApp ќе престане да работи за луѓето кои користат iPhone што не е ажуриран софтверот iOS 9 или понов. Исто така, ќе бидат засегнати и корисниците на Андроид кои немаат оперативен систем 4.0.3 или некој понов.

Ако имате iPhone 4 или постар модел, нема да можете да ажурирате понов софтвер. Некои уреди со Android, како Motorola Droid Razr и Samsung Galaxy S2, исто така, сè уште работат на застарен софтвер. Ако имате стар телефон, можеби ќе сакате да се обидете да го надоградите со најновиот можен софтвер. Корисниците на Apple мора да отворат и да видат која верзија на софтверот ја користат, а истото треба да го направат и корисниците на Андроид.


Можеби ќе ве интересира: