За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња: Интервју со Стефан Лазаров

За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња: Интервју со Стефан Лазаров

Објавена во: Stars // Интервјуа

Момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите, момчето на кое фудбалот му е секогаш на прво место, момчето кое неодамна се впушти во музичките води открива интересни детали од својот живот. Стефан Лазаров за Хаштаг раскажа за своето детство, училишните денови, кариерата, музиката, но уште неколку прашања кои дефинитивно ќе ве интересираат.

# Фудбалер, модел, водител... Во која од овие професии најдобро и најбрзо се пронајде? 

Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт. Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера и заедно со моите колеги од Ексклузив.

# Од неодамна се впушти и во музичките води. Од каде оваа идеја? Дали можеби како мал сонуваше да бидеш пејач?

Оддамна имам желба да пробам да бидам дел и од музичкиот свет. Немав таков план, но зошто да не? Во вистински момент се поклопија коцките со Денис Куртовиќ и можам да кажам дека сме супер задоволни од нашата песна „Хола Мамасита“. Очекувајте многу други песни.

# Жанрот што го одбра за твојата прва песна е многу актуелен помеѓу тинејџерите. Дали тие ти се целна група?

Секако дека и тинејџерите ни се целна група. Сакаме да ја освоиме и повозрасната публика, но како велат, дете никогаш не лаже. Па, ако помладите не слушаат ќе бидеме најсреќни.

# Од каде идејата за токму Лина Пејовска да ги пее бек вокалите?

Лина Пејовска со своите 17 години е веќе меѓу топ 5 пејачки во Македонија. Не беше идеја да пее придружни вокали, ни беше чест :)

# Многу често сте заедно да не можеби станува збор за љубов или е само другарство?

Хаха, ние сме најдобри другари. Ништо повеќе.

# Додека сме на темата љубов, има ли некоја девојка што ти го скршила срцето? Доколку одговорот е да, како го излекува?

Хммммм, ќе останам воздржан :)

# Не може, а да не те навратиме на детските денови. Каков беше Стефан како дете?

Стефан беше спортист. Постојано со топката и секогаш подготвен за фудбал. Темпераментно дете. Не бев најдобар во училиште, но никогаш не дозволував да бидам лош ученик.

# Се ближи почетокот на новата учебна година. Дали ти му се радуваше на 1 септември?

Да бидам искрен, па и не баш :)

# Што е она што ќе ти остане засекогаш во сеќавањето од училишните клупи?

Другарите. Никогаш не се забораваат другарите кои биле со тебе од дете.

# Најомилен и најомразен предмет и зошто?

Најомразен Хемија, омилен Физичко. Верувам дека имате објаснување во другите одговори :)

# Каде се гледаш за 10 години? На која професија ќе се насочиш?

Уффф каде се гледам. Навистина не знам. Пред една година не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука. Ексклузив ќе постои. Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси. За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња.

# Кој хаштаг најчесто го користиш?

Од сега па натаму #royaltygang.


Ивана Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: