За 10 години се гледам како „тату“ артист: Интервју со талентираната Михаела Димова

За 10 години се гледам како „тату“ артист: Интервју со талентираната Михаела Димова

Михаела Димова е 13 - годишна девојка. Таа е ученичка во осмо одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје. Иако досега се уште не учествувала во ниту еден натпревар каде што ќе го покаже својот талент, оваа тинејџерка ќе ве освои со своите цртежи.

„Првите симпатии кон цртањето беа уште кога имав 5 години.“ - вели Михаела, која додаде дека е ќерка на уметник и дека всушност оваа љубов и ја пренел нејзиниот татко Бобан Гроф, кој всушност е „тату“ артист.

„Можеби бидејќи сум ќерка на „тату“ артист, а можеби затоа што ги сакам боичките и белите листови убаво се чуствувам додека цртам, а уште поубаво откако ќе го нацртам.“ - вели за ова хоби оваа тинејџерка.

Не може да одвои кој цртеж и е омилен, но вели дека со секој нареден апетитот и станува поголем.

„Сите цртежи ми се посебни и сите си ги чувам. Кога ги гледам апетитот ми станува сѐ поголем. Тоа е така затоа што внесувам многу енергија и љубов кога ги цртам. Така да тешко да издвојам, ама сум многу голем фан на Хари Потер и тоа не е тешко да се погоди.“

Кога се идолите во прашање, Михаела ни откри дека нејзиниот татко ѝ е на првото место, а потоа нејзиниот наставник по ликовно и јутјуберката Moriah Elizabeth.

Таа вели дека си го сака училиштето, како и сите обврски кои ги носи тоа со себе, но ни откри и кој од нејзините соучениците најмногу бара од неа да му нацрта некој цртеж за предметот Ликовно образование.

„Најмногу ме „малтретира“ мојот брат - близнак, а кога им помагам, како на него, така и на другите, тоа го правам со љубов и задоволство.“ - завршува Михаела.

Освен цртањето таа ужива и во пишаниот збор, а мометално ги чита книгите „Хари Потер“, кои на сите топло им ги препорачува.

За крај, мораше да ја прашаме Михаела каде се гледа за 10 години, а на тоа таа без двоумење ни рече:

„Кај татко ми во студио или можеби во Шведска.“

Ивана Мисајловска

Можеби ќе ве интересира: