За 700 евра купила француски булдог: Не можела да си поверува во што се претворило кученцето (ВИДЕО)
Британката Бетани Каплес преку оглас за 600 фунти (околу 715 евра) си купила мало црно кученце старо само 5 недели, мислејќи дека станува збор за чистокрвен француски булдог.
Кучето ѝ го подарила на својата мајка, но кога пораснало кучето се претворило во „многу шокантно изненадување“. Бетани вели дека била изненадена кога кучето почнало да расте и почнало воопшто да не наликува на француски булдог. Влакната на кучето кое го добило името Луна, станала кадрави, а муцката и носот значително му се издолжиле, за разлика од наведената раса.
Збунетата Бетани го однела миленикот кај локалниот ветеринар, кој ѝ открил дека станува збор за мешанче од францунски булдог и јоркширски териер. Таа комбинација има дури и име - Frorkie.
Сопственичката на кучето во видеото кое го објави на ТикТок прикажа фотографии од периодот кога Луна била мало кученце, но и фотографии од тоа како изгледа сега.
@bethlouiseeexo #dog #123PandoraME #fyp Boozoos Waffle Fries - Kyle DeNigris
фото: Принтксрин / Инстаграм