За добрата музика јазикот не треба да биде бариера: Ања Ветерова за новата песна „За петама“

За добрата музика јазикот не треба да биде бариера: Ања Ветерова за новата песна „За петама“

Објавена во: Stars // Интервјуа

Младата и талентирана пејачка деновиве е особено актуелна на музичко поле. Иако изминатиот период кариерата ѝ беше ставена во мирување, таа сега се врати на големата врата. Големото враќање го направи со акцент на српската музичка сцена, за чиј пазар е направена и нејзината нова песна.

„За петама“ е само почеток на сите оние големи работи кои ги подготвува, а за Хаштаг откри како течела реализацијата на овој проект. Освен за новата песна, со Ања разговаравме и за нејзиното образование, поточно студиите на Беркли универзитетот, но и за Евровизија – најголемиот музички настан во Европа. Младата пејачка не криеше дека би сакала еден ден да ја претставува Македонија, но за тоа има одредени услови.

# Пролетниот распуст одлучи да го поминеш работно и само што се врати од Америка замина во студио. Дали уште додека беше таму знаеше дека што ќе следува по твоето врањето или одлуката ја донесе кога се врати?

Ова ми е последниот пролетен академски распуст. Оддамна беше договорено да го поминам работно за да ја промовирам новата песна „За петама“ . Ова е моја прва соработка со Александра Милутиновиќ , се надевам, не и последна , песната е договорена од порано и го чекаше крајот на пандемијата.

# Твојата нова песна се вика За петама“. Зошто баш на српски? Дали си решена малку повеќе да се посветиш на српскиот пазар?

Со оваа песна „За петама“ сакам да се посветам повеќе на српскиот пазар, затоа и песната е на српски јазик, но нема да ја заборавам македонската публика и за неа подготвувам нови песни. Во иднина моите песни ќе се појаваат на различни јазици и се надевам дека ќе бидат прифатени од мојата публика без разлика на кој јазик се испеани. Велат колку повеќе јазици знаеш толку си побогат. За добра музика јазикот не треба да биде бариера.

# Новата песна ја објави заедно со спот. Каде го снимаше? Колку време поминавте на сетот?

Во врска со мојата кариера за наредниов период соработувам со највлијателната ПР агенција во шоу бизнисот „NEON AGENCY“, чија есклузивка сум. Спотот го работев со проверена екипа „NN MEDIA„ со кои го снимав и „РАМ БАМ БАМ“. Овој спот беше поддржан од млади режисери, се снимаше за зимскиот распуст во еден театар во Белград. Во екипата учествуваа моделот Жељко Бугаров ,стилист Стефан Орлиќ , фризура Александар Глигориевски и шминка Александра Гаврич.


# Како што веќе кажа на песната соработуваш со Александра Милутиновиќ и Дарко Димитров. Дали ова ти е прва соработка со Александра или имате соработувано и претходно?

Со маестро Дарко Димитров соработувам од почетокот на мојата кариера, тој најдобро ме познава и уживам кога сум во студио „ДИМИТРОВИ“. Тимот што победува не се менува само се проширува. На Александра сум ѝ благодарна што ми даде шанса да отпеам нејзина песна и се надевам дека ќе ја оправдам нејзината доверба. Сакам да ја слушам нејзината музика ги сакам нејзините текстови.

# Дали оваа песна е најава за нешто уште поголемо, на пример албум?

Во блиска иднина ќе има нови песни и работам на еден проект со кој сакам да ги испочитувам досегашните песни и авторите на истите, мислам дека тие песни го заслужуваат тоа. Тие песни се песни со кои јас созреав и прераснав од детски, преку тинејџерски до возрасен изведувач. Сите тие песни се дел од моето минато на кои сум особено горда и заслужуваат еден убав проект за кој наскоро ќе дознаете повеќе.

# Откако замина да студиш како да ја стави во мирување музичката кариера. Уште колку ти остана до завршување на високото образование?

Ова ми е последен семестар, во мај ќе дипломирам на Berklee College of Music еден убав дел од мојот живот, период каде што живеев , растев и созревав музички. Успеав да остварам уште еден мој сон, да работам со професорката Tia Fuller (номинирана за Grammy - за најдобар Jazz инструментален албум и која има свирено со Beyonce на една од нејзините турнеји и на нејзините албуми) да го создадеме BERKLEE BEYONCE ENSEMBLE во кој ќе се најде репертоарот со песни од нејзиниот настап на фестивалот Coachella. Идејата за истиот е моја и јас сум креативен директор, главна во продукцискиот тим и вокалист. Во ансамблот учествуваат околу 80 студенти, завршните концерти ќе бидат на 15-ти и 16-ти Април во најголемата концертна сала на Беркли. За овој проект се снима и документарец се надеваме дека истиот ќе биде прифатен од NETFLIX .

# Од социјалните мрежи може да забележиме дека одлично се вклопи, кога е американскиот живот во прашање. Дали по завршувањето на студиите планираш да останеш таму или пак ќе се вратиш во Македонија?

По дипломирањето треба да одработам и пракса во Америка во некое музичко студио или дискографска куќа, зависи каде ќе бидам прифатена. Повеќе ќе бидам активна музички, би сакала да ме има паралелно и тука и таму .

# За околу два месеци ќе се одржи најголемото музичко натпреварување во Европа - Евровизија. Што мислиш за нашата претставничка и имаш ли веќе фаворит?

Ја слушнав песната што ќе нѐ преставува, убава е. Ѝ посакувам среќа и успех на Андреа и нејзиниот тим. Сите песни што ќе бидат дел од оваа Евровизија не сум ги слушнала , но од тие досега мој фаворит е италијанската песна BRIVIDI.

# Со оглед на тоа што ја имаш претставувано Македонија на Јуниорската Евровизија, дали можеби имаш желба за тоа да го направиш и на онаа оригиналната? Можеш ли да се замислиш на големата евровизиска сцена?

Дали можам да се замислам на големата евровизиска сцена? Да, можам да се замислам, веќе еднаш бев, иако тоа беше на малата Евровизија, но во Минск сцената и салата беа многу големи. Прашањето за Евровизија ми е поставувано повеќе пати. Секогаш сакам да ја преставувам и сум ја претставувала мојата земја најдобро што знам и умеам, но за да одам на големата Евровизија мора некои работи кај нас да се променат. Организациски треба да се променат многу работи, треба да имам добра песна и добар тим кој ќе работи со мене, бидејќи Евровизија е проект во кој покрај добрата песна, не е важен само пејачот, туку треба да има и добра логистика, ПР, видео продукција, финансиски средства итн. Народот не е многу запознаен со сите овие сегменти позади сцената кои играат голем удел во пласманот.

Ивана Мисајловска

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: