За неа Божиќ пристигна: Ариана Гранде објави новогодишна песна

За неа Божиќ пристигна: Ариана Гранде објави новогодишна песна

Објавена во: Stars // Музика

Новогодишното лудило веќе полека почнува во Америка, иако до крајот на годината има уште два и пол месеци. Кон тоа се приклучи и Ариана Гранде, која во дует со својата колешка од „The Voice“, Кели Кларксон, ја сними и објави песната „Santa Can't You Hear Me“.

Всушност, Ариана е таа која гостува на празничниот албум „When Christmas Comes Around“, а кој од петокот е веќе во продажба, пренесува „NME“. Уште одамна знаеме дека пејачката е љубителка на новогодишната музика, па така оваа соработка не е некое големо изненадување.

Во стиховите, девојките му порачуваат на Дедо Мраз дека не им потребни никакви подароци: „Не ми треба ништо/Ти испратив писмо/Како да ми се остварат соништата“ - пеат тие. „Она што јас го сакам за Божиќ/Не дојде и се чувствувам тажно/Кажи ми што да правам?/Задржи ја имелата за себе... Ме слушаш ли Дедо Мраз?“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: