За неколку дена пристигнува новата сезона „Бриџертон“: Дури три лика нема да се вратат во оваа сезона
Едноставно, ја напуштија серијата...
Имаме добри и лоши вести за обожавателите на серијата „Бриџертон“. Првата, добра вест е дека новата сезона ќе излезе за неколку дена, поточно на 25 март. Лошата вест е дека нема да се вратат некои ликови кои ги засакавме во првата сезона.
Сите се сеќаваме на манијата која започна веднаш што пристигна „Бриџертон“ на Нетфликс. Беше потребен еден ден за сите да се навлечат на оваа серија и да ја изгледаат во еден здив. Некои се прашуваат дали причината за тоа е што серијата е навистина добра или стана популарна, бидејќи дојде среде пандемијата кога сите бевме затворени дома и нема ништо попаметно да правиме, освен да гледаме серии и филмови? Ќе дознаеме кога ќе излезе втората сезона! Дали истата ќе биде подеднакво популарна како и првата или гледаноста ќе ѝ падне. Втората сезона пристигнува на 25 март, но она што за обожавателите ќе биде мал шок е што во втората сезона не се враќаат сите ликови, пишува „Just Jared“. Серијата ќе остане без 3 ликови, кои особено им се допаднаа на луѓето.
Првиот лик кој не се враќа е Марина Томспон. Таа сигурно ќе ни недостасува, бидејќи навистина стана мила во првата сезона. Вториот лик кој не се враќа е Лорд Арчибалд Федерингтон, некој кој нема толку да ни недостасува, бидејќи не беше оминел, а немаше ни некоја главна улога. И третиот лик кој нема да се врати, а чие отсуство најмногу ќе се почувствува е Симон Басет.
Војводата Хастингс на многу девојки им остана во памет, а неговата врска со Дефне е главна приказна во првата сезона. Изгледа дека втората сезона ќе изгледа многу поинаку. Што не значи дека ќе биде лоша.
фото: Принтскрин / Imdb