За околу 1.600 матуранти се продолжува рокот за матурската проектна задача: Ќе направиме сè за средношколците - изјави директорката на ДИЦ, Наумовска
ФОТО: Фејсбук/Сојуз на средношколци
Најгорливиот проблем кој произлезе од неколкунеделниот штрајк на СОНК беше неможноста на матурантите да го запазат рокот за полагање на проектната задача кој е дел од Државната матура, заради што побараа продолжување. Директорката на Државниот испитен центар, при Министерството за образование и наука, Елизабета Наумовска за Фактор појасни дека крајниот рок бил 21.април, но бидејќи до овој датум, точно 1.589 матуранти, што е околу 10 отсто од вкупниот број, не по своја вина, не успеале да го полагаат практичниот дел, рокот ќе биде продолжен до средината на мај.
-Токму на ова прашање работи Министерството за образованеие, кое има целосно разбирање за настанатиот проблем. Рокот ќе биде продолжен некаде до 15-16 мај. Роковите за матура се утврдени согласно календарот за средните училишта за учебната 2021/2022 година. Ние како Државен испитен центар навремено укажавме дека постои значителен број на ученици пријавени за полагање на Државна матура од вкупно 16.000 матуранти, кои заради штрајкот на наставниците не стигнале во законскиот рок да ја положат проектната задача. Затоа, во секојдневен контакт сме со Кабинетот на министерот. Мојата последна информација е дека се чека мислење, но тоа е само процедурално, и рокот ќе биде продолжен најверојатно до 15-16 мај и измените на тој календар треба да излезе во службен весник за да стапи на сила. Проектната задача е всушност истражување, семинарски труд кој го работи ученикот во текот на годината, под менторство на наставник и комисиски се полага најдоцна до 21.април во училиштата. Но, токму во тој период се штрајкуваше. Во некои училишта, по добра волја на наставниците им било организирано и овозможено полагањето и матурантите ги завршија проектните задачи. Но, во голем дел од училиштата не беше тоа овозможено. Во интерес на учениците, министерот покажа разбирање уште на првите наши сигнали, само се чекаше да заврши штрајкот и да го продолжи овој рок за онолку денови колку што всушност траеше штрајкот, вели директорката Наумовска.
Ова е од исклучителна важност, бидејќи понатаму треба да се запазат роковите за аплицирање на факултет, било тоа да е тука во Македонија, било да е во странство. Ако, ученикот ја нема проектната задача, како што појансува Наумовска, исто како да не полагал Државна матура.
-Државната матура е составена од пет дела, два екстерни предмети и два интерни и проактната задача. Учениците можат четирите предмети да полагаат во јуни, но доколку немаат положено проектна задача, нема да може да добијат диплома. Следниот рок за проектната задача ќе дојде на 18 до 23 август, а тогаш веќе се уписите на факултет. И во тој случај ќе дојдевме во ситуација, многу солидни ученици, не по своја вина да мора да го изгубат првиот упис на факултет. Имаме целосно разбирање за ситуацијата и мислам дека до четврток-петок најдоцна продолжувањето на рокот ќе излезе и во Службен весник. Секако тоа ќе си биде во организација на училишните матурски комисии во самите училишта. Се спроведува како интерен дел од испитот всушност, вели Наумовска.
продолжува на Фактор.мк