За овие хороскопски знаци март ќе биде многу лош месец
Бик
Почетокот на месецот би требало да ви почне едноставно и лесно, но вие мора да ги комплицирате работите, зар не? Само неколку погрешни одлуки ќе ве одведат на сосема погрешен пат, па наместо да бидете поблиску до целта, вие ќе се оддалечите уште повеќе.
Скорпија
Првите неколку денови од овој месец ќе сакате да побегнете на некое пусто место. Телефонот ќе ви ѕвони без преки, а сите ќе бараат нешто од вас. Иако многумина ви имаа помогнато во претходниот период, не очекувавте ека сите ќе бараат да им вратите за услугата, барем не за толку краток период.
Јарец
Ако овој месец не ги регулирате несогласувањата со саканата личност, на вашата љубовна врска може да ѝ дојде крајот. Од недела во недела, од месец во месец, вие само ги туркате проблемите под тепих, надевајќи се дека ќе поминат самите од себе. Бидете смирени и сталожени.