За овој наставник зборува цел свет: Емотивните фотографии го заобиколија Интернетот

За овој наставник зборува цел свет: Емотивните фотографии го заобиколија Интернетот

Објавена во: Совети // School zone

За овој наставник од Кентаки зборува цел свет, а емотивните фотографии од она што тој го направи се најдоа на Интернет и ги воодушевија корисниците на социјалните мрежи.

Имено, тој не дозволил ниту еден негов ученик да го пропушти пикникот кој бил организиран од училиштето, па така ни Рајан Кинг, на кој веднаш по раѓањето му била дијагностицирана спина бифида.

Станува збор за вроден дефект кој го карактеризира расцеп на 'рбетот, а оние кои го имаат се доживотно инвалиди.

Одделението на ова 10-годишно девојче организирало пикник до водопадите кои се дел од државниот парк во државата Охајо. Поради непристапниот терен, Рајан не можела да се движи со инвалидска количка, а нејзината мајка веќе почнала да работи на план Б.

Но, наставникот Џим Фримен се понудил да ја носи Рајан на грб за да може да учествува во сите активности со своите врсници. 


Фотографиите од трогателниот гест завршија на Фејсбук и на социјалната мрежа добија многу позитивни реакции кај корисниците на таа социјалната мрежа.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: