За венчавката потрошија милиони, а подароците не ги ни видоа: Гостите на Бекамови морале парите да ги проследат на оваа адреса
Со одлуката да не примаат подароци од гостите на венчавката, Бруклин Бекам и Никола Пелц да ги воодушевија сите...
Бруклин Бекам и Никола Пелц минатата сабота запловија во брачните води по две години чекање. Двојката која се вери уште во 2020 година, се венчаше на луксузниот имот од 103 милиони долари во Палм Пич на Флорида, кој го поседувана таткото на Никола.
Она што ги воодушеви сите, покрај тоа што Бруклин се потруди да ги испочитува сите традиционални обичаи од страна на семејството на сопругата, е тоа што го зема и нејзиното презиме, додека Никола, покрај своето, на Инстаграм го додаде и презимето Бекам, а со следбениците сподели и кадри од големата венчавка.
Беспрекорниот стил, едноставноста и грациозноста беа постојано присутни на нивната раскошна венчавка на која имотните семејства наводно потрошиле милиони фунти.
Сепак, дека Никола и Бруклин не се едни од оние кои размислуваат само за материјалните работи, докажаа со неверојатната одлука која гостите морале да ја испочитуваат.
Имено, тие наместо свадбени подароци, од гостите побарале парите да ги пренасочат во хуманитарни цели.
„Мојот татко веќе зборуваше за таа тема во својот говор на мојата венчавка. Бруклин и јас сме уништени поради ситуацијата со Украина и затоа не прифаќавме подароци на свадбата, туку им кажавме на гостите да донираат на линкот што го ставив и овде“ - напиша Никола на објавата која ја сподели на својот Инстаграм профил.
Венчавката беше затворена за медиумите, а на гостите им беше забрането фотографирање со фотоапарати и мобилни телефони. Сепак, дежурните папараци успеаја да уловат дел од атмосферата кои веднаш протекоа во јавноста.
Инаку, на венчавката беа собрани многу познати имиња од светот на шоубизнисот, па така можеа да се видат скоро сите членови на „Спајс Грлс“, освен Ема Бантон која беше спречена да дојде, Ева Лонгорија, Серена Вилијамс, готвачот Гордон Ремзи и многу други, а луксузната венчавка според странските медиуми чинела околу 76 милиони фунти.
Бруклин и Никола потпишаа и предбрачен договор кој вреди околу 3 милиони, за да го заштитат својот имот, каде посебен акцент бил ставен на богатата наследничка, со оглед на тоа што нејзиниот татко е многу побогат од Бекамови.
фото: Принтскрин / Инстаграм