За живот заработувал како келнер, а потоа добил две големи улоги: Кој е талентираниот млад актер Ѓорѓе Мишина?

За живот заработувал како келнер, а потоа добил две големи улоги: Кој е талентираниот млад актер Ѓорѓе Мишина?

Објавена во: Stars // Филм

Мометално може да го гледате во серијата „У клинчу“...

Младиот српски актер Ѓорѓе Мишина отсекогаш сонувал да стане голем актер. Се запишал на глума на Академијата за умотности, а сега е студент на последната година.

И покрај тоа што уште нема дипломирано глума, Ѓорѓе заплови во актерските води, а публиката е воодушевена со она што имала можност да го види.

Првпат на даските што живот значат застанал на само 15 години, и тоа во театарот „Дадов“, додека првата голема улога ја имал во филмот „Посматрачи“, на Никола Љуца.

Во едно од интервјуата кои ги има дадено за српските медиуми, младиот актер откри дека не очекувал волку голем успех. Како што вели, пред факултетот работел човек што помага при селидби, потоа во еден хотел како келнер, а потоа на штанд во трговски центар. И ништо од тоа не му било тешко.

„Секогаш ми е забавно, постојано барам да работам нешто, ги сакам патувањата, природата, спортот... Животот сигурно ќе ми биде исполнет“ - кажа тој во една прилика.

Ноедамна се испроба во светот на филмот кога доби две потполно различни улоги. Во прашање се серии, „Убице мога оца“ и „Азбука мог живота“. Во едната глуми насилно момче, додека во другата повлечено и емотивно геј момче, кое живее на Ибица.

Публиката го прифати многу добро, а со нетрпение ја очекува неговата следна улога.

Ѓорѓе вели дека од мал знаел дека ќе се занимава со глума, бидејќи таа за него не е работа и нешто што мора да го прави, туку еден вид забава. Како дете гледал многу филмови, прочитал многу книги, но не изостанувале ниту видеоигрите.

За него театорот и филмот се вистински предизвик, но и место каде имагинацијата има примат. Во нив, како што вели, може сѐ да се создаде.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: