Зад овие цртани на Дизни се кријат приказни од вистинскиот живот

Зад овие цртани на Дизни се кријат приказни од вистинскиот живот

Објавена во: Stars // Филм

Дали знаевте дека „Пепелашка“ доаѓа од Кина?

Додека една посебна магија ги поврзува сите цртани на Дизни, тие всушност имаат многу сложено потекло. Некои се оригинални приказни на Дизни, други се базирани на бајките (како „Снежана“, „Пепелашка“ и „Малата сирена“), а трети пак по вистински историски настани и личности.

Иако се прочистени и разубавени од страна на Дизни, тоа се вистински приказни во својот оригинален облик не се ништо помалку фасцинирачки во однос на своите адаптации. Додека прочистувањето на историјата е типично за адаптациите на Дизни, запознавањето со вистинските настани може да биде дури и поинтересни.

Ова се некои од нив:

# Покахонтас

Можеби и најпознатиот цртан на Дизни е заснован на вистински настани, Покахонтас од 1995 година, во основа е романса која се занимава со односот помеѓу принцезата, принадничка на индијанското племе Поухатан, која се вика Покахонтас и англискиот колонист Џон Смит. Филмот, кој ја отсликува тензијата помеѓу американските домородци и англиските доселеници, кои настојуваат да им ја одземат земјата на американските домородци, се завршува така што Покахонтас успева да го спаси животот на Смит и да донесе мир помеѓу двете страни.


Од агол на реалната историја, оваа приказна има поинаков тек. Имено, Покахонтас, бил само прекар на личност под името Мотоака. Иако таа е претставена како девојка во цртанот, во времето кога го сретнала 28 - годишниот Џон Смит, имала само 10 години. Вистина е дека таа го спасила животот на овој англиски колонист, како дека била ќерка на поглаварот на племето Поухатан.

Меѓутоа, она што овој цртан не го прикажува е она тоа дека таа била киднапирана и држена како заложеник од колонистите, верата и е променета во христијанство, оженета со маж кој бил двапати повозрасен од неа и дека во Англика под новото име Ребека е прикажувана како пример за „цивилизиран дивјак“. На крајот таа умира во Англија на 20 години, од непознати причини.

# Моана

Една од најуспешните проекции на Дизни, Моана е пример на приказна која се нема многу оддалечено од своите историски корени. Филмот е заснован на комбинирање на древните митодологии.


Приказната ја следи храбрата принцеза Моана која трага по полу-боженството Мауи, а потоа заедно се впуштаат во авантура со цел нејзините сонародници да се спасат од изгладнетост. Во митодологијата која е користена како инспирација, навистина постои полу-боженството Мауи кое, според легендите било одговорно за многу од работите кои Моана ги побарала од него.

И додека ликот Мауи омекнува во интерпретацијата на Дизни во однос на мотолошките извори, американското студио сепак не го промени во потполност неговиот карактер, на начин како што го прави тоа и во цртанот. Песната од филмот „You're welcome“ е вредна промена, бидејќи верно го следи митот за Мауи и неговата кука, како детаљ кој доследно е преземен од оригиналот, наведува Ancient Origins.

# Снежана и седумте џуџиња

Стотина години, оваа бајка се пренесуваше од колено на колено и во текот на времето стана вистински класин во својот жанр. Иако браќата Грим ја забележаа во 19 век, верува дека приказната потекнува уште од средниот век.


Во основа ова е бајка во вистинска смисла на зборот, бидејќи во центарот на вниманието се преубавата принцеза, магичното огледало, злобната кралица, клетвата и згодниот принц. Иако они кои ја имаат прочитано приказната на браќата Грим можат да воочат дека приказната добива семеен карактер, а она што е помалку познато е дека приказната можеби има корени од некои вистински настани.

Имено, во текот на 1994 година, германскиот историчар Екхард Сандер го објави својот труд во кој тврди дека открил доказ за тоа дека бајката е инспирирана од вистински настан од 16 век.

Принцезата од бајката во реалноста била германска грофица Маргарета фон Валдек која мистериозно умрела на 21 година, откако била отровена. На 16 години била протерана од дома од страна на својата маќеа, бидејќи се заљубила во принцот за кој не можела да се омажи. Можно е џуџињата во приказната да се инспирирани од луѓето со мал раст кои работеле во рудниците кои биле во сопственост на нејзиниот татко.

Алтернативната верзија за потеклото на оваа бајка зборува за Мифији Софији фон Ертал, која била ќерка на германски принц од 17 век и чиј живот имал многу сличности со настаните во бајката. Имено, познато е дека имала маќеа која ги презирала посвоените деца, во нејзиниот дом постоело „огледало кое зборува“, кое денес се наоѓа во музејот „Spessart“, а луѓето со мал раст, односно џуџињата, ги имало во изобилие во локалните рудници. Потоа, стаклениот ковчег може да биде инспириран од стаклорезачката традиција во регионот, додека отровот може да алудира на конзумирање на преголема количина на билката беладона, која во тој случај станува отровна, а која ја имало во тој крај.

# Пепелашка

Ова е уште една приказна која уште во 1950 година го доживеа третманот на Дизни и стана анимиран класик. Приказната го следи животот на младата заробена слугинка во куќата од страната на својата маќеа, која со помош на добрата вила оди на балот на кој принцот се заљубува во неа, а таа ја губи чевличката. Нејзе принцот ја ослободува од дотогашниот живот откако на секоја жена во кралството го проба чевелот.

За приказната најпрво се мислеше дека потекнува од 17 век, но најверојатно има многу постари корени, кои доашаат од Кина и тоа во периодот околу 206 година пред нашата ера.


Ji Ksian, ќерката на старешината, живеела убав живот се додека смртта на нејзиниот татко не ја фрлил во рацете на злобната маќеа. Имала и полусетра која била грда и глупава. Ji Ksian била приморана да ги служи својата маќеа и полусестра, кои од љубомора поради нејзиниот памет и убавина, на сите начини настојувале да ја понижат. Откако нејзината маќеа ја убила магичната риба со која се спријателила, Ji Ksian ги закопала нејзините коски за да ги зачува нејзините магични моќи. Кога нејзината маќеа и полусестра заминале на гламурозниот бал и ја оставиле сами, таа посакала да облече свилен фустан и златни чевли.

Како најубава жена на балот, на која успеала да стигне, во обид да избегне да биде видена од страна на маќеата ја изгубила едната златна чевличка, исто како и Пепелашка во бајката. Златниот чевел завршил во рацете на кралот кој станал опседнат со тоа да го пронајде сопственикот, бидејќи верувал дека таа мора да биде многу убава, штом има толку мало стапало, бидејќи во тоа време во Кина малите стапала биле одраз на женската убавина. Ji Ksian потоа успеала да стигне до дворецот и да докаже дека чевличката и припаѓа на неа, а кралот во неа веднаш се заљубил, по што тие двајца започнале да живеат среќно.

# Мулан

Анимираниот филм на Дизни „Мулан“, беше потполн хит кој е снимен во 1998 година, а популарноста на ова остварување не се намали, па така е направен акционен игран римејк на анимираниот филм, кој треба наскоро да се лансира.


Храброто патување на младата жена која се претвара во маж и го зазема местото на татко и, за да се бори во војната против Хуните е заснована на познатата кинеска легенда за Хуа Мулан.

Баладата за Мулан беше извор на инспирација кога на кинеската група и беше потребна надеж, а сликата на херојскиот женски војник, кој им пркоси на друштвените норми за да помогне во одбрана на својата земја.

Хуа Мулан остана популарна фигура во кинескиот фолклор и се појавува во голем број книги, претстави и други уметнички дела. Покрај популарноста на Западот, во Кина филмот не беше добро прифатен, бидејќи луѓето сметаа дека е напрвен малку подалеку од оригиналната приказна.

Многу приказни за вистинските историски личности или приказни од фолклорот се променети во филмовите на Дизни за да одговараат на модерниот наратив, а поединците набрзо ги критикуваа поради тоа. Сепак, Дизни овие приказни ги сподели на глобално ниво, а денес благодарејќи на достапноста на информациите многу е лесно да се истражи и дознае оригиналната приказна и истовремено да се ужива во модерната адаптација.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: