Заедно за Велигден во Италија: Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ ја објавија првата заедничка фотка

Заедно за Велигден во Италија: Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ ја објавија првата заедничка фотка

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Тие заедно го слават најрадосниот христијански празник, а како си поминуваат за Велигден во Италија, споделија и на социјалните мрежи.

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ неодамна јавно потврдија дека се во љубовна врска и оттогаш ја заинтригираа јавноста која во чекор ја следи познатата двојка.

Сега тие двајца објавија заедничка фотографија, но ги фотографираа само своите нозе, односно патики.
Фудбалерот и пејачката носеа патики од истиот бренд - а истата фотка ја споделија и двајцата.


Тие сега го поминуваат времето во Италија каде заедно го прославија Велигден.

Како што пишуваат медиумите, Анастасија со денови била во Шпанија со својот нов избраник и неговото семејство.

Медиумите пишуваа и дека фудбалерот го чека крајот на фудбалската сезона, кога ќе дојде во Србија и кога ќе се сретне со семејството на пејачката.

Дека двајцата се во врска потврдува и коментарот на сестрата на фудбалерот под една од објавите на Анастасија на социјалните мрежи.



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: