„Жал ми е“: Актерката се кае поради ужасната објава за коронавирусот
Ја нападнаа поради испадот и недостатокот на емпатија, а таа вели дека тоа за неа било „будењето кое и било потребно“.
„Жал ми е доколку некој навредив со својата објава на Инстаграм. Сега сфаќам колку моите зборови влијаеле на другите. Ова беше будење од кое имав потреба“ - напиша актерката Ванеса Хаџенс на Инстаграм и се извини поради испадот кој го имаше поврзан со коронавирусот.
— Vanessa Hudgens (@VanessaHudgens) March 17, 2020
Да потсетиме, актерката стана мета откако нејзиното мислење за пандемијата коронавирусот, кое јавно го изнесе на социјалните мрежи, не наиде на одобрување, јавува Cosmopolitan. Тогаш напиша дека е во ред дури и ако луѓето умрат од вирусот, бидејќи тоа е секако „неизбежно“...
What a horrible and heartless message for you to share with the younger people who look up to you @VanessaHudgens https://t.co/p0vIekdigP
— Yashar Ali (@yashar) March 17, 2020
„Жал ми е, но тоа е вирус. Сфаќам, го почитувам тоа, но во исто време мислам дека, дури и да го добиеме сите... Што сега. Да, луѓето ќе умрам, што е ужасно, но зарем не е неизбежно?“ - се запраша актерката во објавата.
Многумина тогаш автоматски ја нападнаа дека е безчувствителна и дека нема емпатија за другите, што и не е баш далеку од вистината.
Како вие гледате на оваа ситуација? Дали таа навреме се извини?