Запознајте го кучето Смајли: Откако е спасен не престанува да се смее
Запознајте го Смајли, малото куче чие име е инспирирано од постојаната насмевка на неговото лице.
Но, насмевката не секогаш била негов заштитен знак. Смајли светот го видел во куќа во Тихуана Мексико, каде со години барал трошка љубов и грижа што никогаш не ги добил.
Преживеал благодарение на „No Dog Left Behind“, кои го однеле во засолништето за кучиња, а своите нови пријатели ги поздравил со насмевка од уво до уво.
„Смајли го натера целито наш тим да се заљуби во него“ - изјави за „Dodo“, Стефани Исли, оперативниот менаџер на „No Dog Left Behind“.
Малото куче, од домот во Тихуани, заедно со уште 23 кучиња, го спасила фондацијата „At-Choo“ од Калифорнија. Сите спасени кучиња боледувале од болести на кожата, но случајот на Смајли не бил толку тежок.
Неговата приказна стигнала до тимот на „No Dog Left Behind“ во Минесота: што ја виделе фотографијата од насмеаното куче, сфатиле дкеа им припаѓа на нив!
„Се заљубивме во надежта која ја видовме во неговите очи“ - напишаа тие во својата објава.
Смајли од Калифорнија бил префрлен во Минесота. На почетокот се плашел, дури ги јадел своите спасители. Сепак, се смирил откако нежно го префрлиле од комбето во неговиот нов дом.
„Кога излезе од комбето, сфати дека не е ставена во ќош. Сѐ стана многу полесно“ - кажа Исли и додаде дека Смајли само се склопчил и легнал, уживајќи во погледот на вредните волонтери.
Некое време поминал во каранти поради лошата состојба н акожата. Тоа не го спречувало персоналот да го опсипува со љубов. За возврат, Смајли им возвраќал со „насмевка од милион долари.
За Смајли веќе е направена листа за чекање на посвоители, па нејзините пријатели од „No Dog Left Behind“ знаат дека насмеаното куче ќе замине во совршен дом, каде потполно ќе се опорави и излекува.
фото: Фејсбук