Запознајте го најинтелигентното дете во Европа: Има само 9 години, а веќе е на факултет!
Неговиот ум е генијален. 9 годишниот Laurent Simons е најинтелигентното дете во Европа. Измерен му е максималниот коефициент на интелигенција, а средното училиште го завршил за една ипол година, додека основното за две.
За она што го подготвува во иднина, не кажува на никој. Вели, светот тоа нема уште да го разбере, ќе ми се смее. Како што би му се смееле да им кажел дека на 9 години ќе се запише на факултет, а го направил тоа. Не само што студира на три престижни универзитети, туку и авторот на научните книги го има замолено да го преработи првото поглавје на книгите. Екипата на емисијата „Провјерено“, заминала во Амстердам и го запознала ова фантастично момче, а во продолжение погледнете што тоа откри пред нивната камера!