Запознајте ја Ава Макс, пејачката со албанско потекло која владее на светските топ листи
Кога пред две години Ава Макс се појави на сцената, со песната „Sweet But Psycho“, светските медиуми веднаш ја прогласија за наследничка на Лејди Гага.
Нејзиното вистинско име е Аманда Кочи, а е роденден во 1994 година во Милвоки, како дете на албански имигранти со кои на осум години се сели во Вирџинија.
Музиката и забавата и се во гените; пред да емигрираат нејзината мајка била операска пејачка, татко и свирел клавир, нејзините двајца вујковци свиреле во бендови, а нејзиниот дедо бил комичар, кој пред својата публика излегувал нашминкан како кловн.
Иако нејзиниот татко како мала ја носел на опера, таа ја обожавала Бритни Спирс и сонувала дека ќе стане поп пејачка.
Иако во последните години, во музиката доминираат поп звуците, оваа пејачка воопшто не се сомневала во успехот на нејзината „Sweet But Psycho“.
„Знаевме дека песната е посебна, но не мислевме дека ќе стане ваков феномен. Тоа не се случува на уметниците за кои никој никогаш не слушнал, зарем не?“ - на почетокот на оваа година изјави таа за „Vanity Fair“.
Иако изгледа дека Ава се појави одеднаш, на овој успех претходела макотрпна работа и безброј обиди за да се пробие на музичкиот пазар. За првпат се обидела на 14 години, кога се преселила во Лос Анџелес, но никој не сакал да потпише договор со неа, бидејќи сметале дека е премногу ризично.
Се вработила како келнерка, се пробала и како модел, но музиката останала нејзина љубов. Тогаш ги здружила силите со пријател на нејзиниот постар брат, продуцентот Cirkut, кој бил заслужен за хитовите на Мајли Сајрус, Ријана, Кети Бери, благодарејќи на кој вокалот на Ава завршил во песните на Дејвид Гета и Џејсон Деруло.
Иако ги снимила сингловите „Salt“ и „Not Your Barbie Girl“, јавноста ја забележала дури кога „Sweet But Psycho“ завршил на „Soundcloud“. Издавачките куќи потоа како луди започнале да ја контактираат, но сакале да разговараат само за тој сингл.
Покрај успехот, на некои им пречело што песната користи душевна полесна како метафора - песната зборува за девојка која го прогонува момчето со секира и бејзбол палка, а загриженост изразило и Британското здружение за спречување на самоубиствата.
Ава е свесна дека видеото е ексцентрично, но како што вели, скаала на забавен начин на луѓето да им го пренесе личното искуство, како и вистинската порака која се крие зад него.
Иако е нетипично за популарната музика, Ава низ своите песни и понатаму сака да испраќа пораки, а инспирација наоѓа и во своите родители и нивното воспитување, благодарејќи на кое се надева дека ќе стане пример на младите.
„Обожувам кога луѓето се поврзуваат со моите песни и препознаваат дека некогаш биле во таква ситуација. За мене поп музиката е нешто со што можеш да се поврзеш, додека истовремено те поттикнува да танцуваш.“ - вели пејачката.
Иако албумот го има завршено уште минатиот Божиќ, се уште го нема објавено датумот на објавување. Особено е интересно што на него не гостува никој - сакала луѓето да ја откријат неа. Изгледа дека успехот во овој случај нема да биде случаен.
Може да ве интересира:
Од Приштина до црвениот килим: Како се пробија Албанките Дуа Липа, Рита Ора и Ера на светската музичка сцена?