Запознајте ја Барбара: Следната Били Ајлиш во „Америка има талент“ и доаѓа од Балканот

Запознајте ја Барбара: Следната Били Ајлиш во „Америка има талент“ и доаѓа од Балканот

Објавена во: Stars // Музика

Оваа сезона шоуто „Америка има талент“ продолжува да претставува нови млади таленти, а една од нив е младата Барбара Аргиру. Оваа 17 - годишна девојка се појави на една од аудициите и ги освои сите.

Многумина ја споредуваат со Били Ајлиш, а во продолжение дознајте нешто повеќе за неа, вклучивајќи го и моментот од каде е и зошто таа може да биде следната Били.

# Барбара е од Грција

Иако пее на англиски јазик и патуваше до Лос Анџелес за аудицијата, таа живее во Грција. Многу нејзини објави на Инстаграм имаат опис на грчки јазик, а таа се има појавено на телевизија во својата држава, каде имала и неколку настапи. „Америка има талент“ е познато по тоа што ги поддржува талентите од целиот свет, па затоа тие се среќни за американското деби на Барбара.

# Таа се има натпреварувано на „Junior Music Stars“

Во 2016 година, кога имала 13 години, се натпреварувала во грчкото талент шоу „Junior Music Stars“. Таму пеела песни од Џастин Тимберлејк и Бруно Маркс. Таа исто така изведувала песна од Џон Ленон на гитара. Ова искуство дефитивно може да биде плус за Барбара.


# Беше дел и од шоуто „The Final Four“ во Грција

Успехот во шоуто за таленти на Барбара продолжува и во 2019 година, по настапот на „The Final Four“, грчката верзија на „The Four: Battle for Stardom“, што се одржува во САД. Иако таму не победи, ова шоу и донесе неколку настапи. 


# Барбара има сингл

Минатата година таа го објави синглот наречен „Can't See the World“. Исто така, таа неодамна соработуваше со пејачката Заф на песната „No“. Што мислите, ќе отпее ли Барбара некоја од своите оригинални песни на „Америка има талент“?


# Има отпеано повеќе песни од Били

За време на последниот настап на „The Final Four“, Барбара ја изведе песната „Lovely“ на Били Ајлиш. Таа, исто така објави кавер од „Bad Guy“ на нејзиниот Јутјуб канал, непосредно по објавувањето на албумот на Били минатата година. Нејзиниот кавер моментално има повеќе од 48.000 прегледи.

Гледачите го пофалија гласот на Барбара на овој кавер, а неколкумина дури истакнаа дека таа има сличност со Били. Знаеме дека Хауи Мандел е обожавател на Били, па се прашуваме дали и тој ќе ја направи оваа споредба.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: